Најпребарувани поими на Google за 2018 година

Компанијата Google објави листа со најбараните поими за 2018 година, а на врвот на листата се наоѓа Светското фудбалско првенство кое се одржа во Русија.
Како што можеше да се очекува, Мундијалот привлече најмногу внимание во светот оваа година, тоа беше воедно и најголемиот спортски настан за кој корисниците се информираа преку интернет. На овие листи обично доминираат спорт, избори, катастрофи и славни личности, и оваа година не е ништо различно.
Освен СП во фудбал, на врвот на листата за пребарување се имиња на личности кои починале оваа година, а меѓу нив се Авичи, Мек Милер, Стен Ли, Ентони Бордејн, Стивен Хокинг и Кејт Спејд, додека високо на листата се најдоа “Црниот пантер” и Меган Маркл.
Кога станува збор за вестите, ураганите Флоренс и Мајкл се најпопуларни теми заедно со кралската свадба на Англија, резултати од лотаријата Мега Милиони, како и изборни резултати од САД и од други земји.
И покрај многуте лоши настани оваа година, присутен е тренд на пребарување на позитивни работи.
Меѓу најпопуларните кошаркари на Гугл се најде Тристан Томпсон, меѓу глумците Силвестер Сталоне, а меѓу музичките уметници Деми Ловато. Од филмовите најпребарувани се “Дедпул 2”, “Црниот пантер” и “Отров” (“Venom”).
Најпопуларни поими: Светското фудбалско првенство, Авичи, Мек Милер, Стен Ли, Црниот пантер, Меган Маркл, Ентони Бордејн, Стивен Хокинг и Кејт Спејд.
Најпопуларни вести: Светското фудбалско првенство, угаранот Флоренс, резултати од лотаријата Мега Милиони, кралската свадба, резултати од избори, ураганот Мајкл, потврдата на судијата Брет Кавано, пукањето во Флорида, штрајкот на бразилските камионџии.
Најпопуларни личности: Меган Маркл, Деми Ловато, Силвестер Сталоне, Логан Пол, Клои Кардашијан, Џер Болсонаро, Брет Кавано, Хејли Болдвин, Сторми Даниелс и Карди Би.

Претходна Форд креираше куќичка за кучиња која ги блокира надворешните звуци
Следна Откриено е најоддалеченото космичко тело во Сончевиот Систем, планетата Фараут

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!