Најдобрите британски автомобили во историјата

Секој од автомобилите наведени во написот оставил длабок белег во автомобилската индустрија, така што ќе ги паметиме засекогаш заради исчекорите што ги направивиле. Негативците ќе речат дека автомобилската индустрија во Велика Британија повеќе не постои затоа што странски компании ги купија сите нивни брендови, вистината не е баш толку црно-бела. Британците се уште се горди на своите автомобили, особено Јагуар, Ланд Ровер, Астон Мартин, Мекларен… Исто така, не треба да се занемарува ниту влијанието во Формула 1. Дури седум од 10-те екипи во моментов кои се натпреваруваат во најелитното натпреварување имаат база во Велика Британија. Поточно: Хаас, Мекларен, Мерцедес АМГ, Форс Индија, Ред Бул, Рено и Вилијамс Ф1. BMC Mini
Едноставно кажано – Mini е еден од највлијателните автомобили во историјата! Дури и британскиот Лејланд не успеа да го размрда неговиот успех. Речиси 5,4 милиони се продадени во текот на 41 година континуирано производство. Со одличен концепт, понуди многу простор во мали димензии. Поточно, дури 80% од подот на автомобилот е оставен за патници и багаж. Исклучителна функционалност, чисто задоволство при возењето заради неговиот низок центар на гравитација и генијален дизајн го прават неверојатно успешен на сите пазари. Jaguar E-Type
Кога се славеше на Саемот за автомобили во Женева во 1961 година, дури ниту големиот Енцо Ферари не успеа да го скрие својот ентузијазам. Тој веднаш изјави дека „Јагуар Е-Тип“ е најубавиот автомобил во светот и ја задржа титулата до ден-денес, потврдувајќи го тоа повеќе пати на различни избори за најдобар дизајн. Се базираше на победникот на Ле Ман, Jaguaru D-Type, така што има софистицирана техника под заводливата каросерија. Со 265 коњски сили од 3,8 литрениот бензински мотор и исклучително напредната суспензија, тој беше репер за сите тестови. Кога просечните автомобили не можеа да достигнат дури ни 150 км на час, Јагуар Е-Тип се движеше со најголема брзина од 245 км на час. Aston Martin DB5
Аристократското спортско купе стана познато на планетата откако ја имаше главната улога во филмот за најпознатиот светски таен агент Џејмс Бонд. Сите предуслови за влегување во легендата веќе беа таму, предводени од одличен 4-литарски 6-цилиндричен мотор кој развива 280 КС. Тој со леснотија постигнуваше дури 235 км на час. Land Rover Defender
Откако се докажа во најтешките можни услови за време на Втората светска војна, овој теренец, развиен пред се за воена употреба, почна да ги освојува љубителите на офроуд возењето. Секоја нова генерација беше подобра од претходната, а главната карактеристика на првиот модел беше исклучително едноставна и стабилна механика. Дури и да се скрши нешто, можеше брзо да се поправи на фронтовската линија. Во разни помалку развиени делови на светот, Land Rover беше првото моторно возило што го виделе локалното население. McLaren P1
Со Ферари Ла Ферари и Порше 918 Спајдер, McLaren P1 беше главен играч во групата хибридни хипер автомобили. Тоа беше сосема нов сегмент на автомобили, а П1 кој ги искористи многуте карактеристикии на славниот Мекларен Ф1, го надмина врвот. Со комбинацијата на твин-турбо 3.8 бензински V8 и електричниот мотор, испорачуваше дури 904 КС. Сите 375 единици беа разграбани, а денес вреди повеќе отколку кога беа нови.
Претходна Car wrapping – да или не?
Следна Гугл ги објави секси пикантериите што се пребаруваат на интернет

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!