Најголемиот автомобилски собир во историјата организиран од возачите на Субару автомобили

Еден од најдобрите начини да се почитуваат препораките за физичко дистанцирање е да користите сопствен автомобил, а сепак ограничувањата не значат дека не можете да се забавувате. Интересна и многу корисна идеја реализираа возачите на автомобили Субару во Америка.

Идејата на возачите на Субару беше да постават светски рекорд за најголем собир на возила од оваа јапонска марка, но и да соберат пари за добротворни цели.

Subaru Tecnica International (STI) Subiefest и Subaru America потврдија дека собирањето на 1.751 автомобил е нов светски рекорд што го надмина оној од 2015 година, кога имаше 549 автомобили на собирот.

Гинисовиот рекорд беше поставен на годишниот собир организиран во САД и наместо да се состанат лице в лице, учесниците формираа големи линии со своите автомобили со цел да ги почитуваат мерките воведени поради пандемијата на корона вирусот.

Секој учесник придонесе со донација за „Feeding America“, а „Субару Америка“ ќе донира еднаква сума. Благодарение на собирот на возачи на Субару, ќе бидат обезбедени околу 500.000 оброци.

“Во ова време на предизвици, ние бараме стабилност во животот. Се надеваме дека оваа донација ќе обезбеди оброци за луѓето кои се гладни во Америка. Ние мора да останеме безбедни и да запомниме дека треба да им помагаме на другите секогаш кога можеме”, рече Алан Бетке, потпретседател за маркетинг во Субару Америка.

Претходна Како да го прочистите воздухот во вашиот дом
Следна Ова се најголемите грешки при зголемување на мускулната маса

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!