Мурињо се враќа во Интер?

Според италијанските медиуми, Жозе Мурињо пристигнал во Милано, каде што треба да има состанок со директорот на Интер, Бепе Марото. Се шпекулира дека ова е поврзано со можноста Мурињо да се врати на тренерската позиција во клубот со кој во 2010 година ја освои Лигата на шампиони, Серија А и Купот на Италија.

Оттогаш Мурињо ги водеше Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед, а од 18 декември е неангажиран откако доби отказ од Олд Трафорд.

На клупата на Интер, Мурињо беше во периодот од 2008-2010 и тој не ја крие љубовта кон овој клуб.

Актуелниот тренер на Интер Лучијано Спалети, е под голем притисок заради лошите покажани резултати, вклучително и резултатот што го постигнаа со Болоња која се бори за опстанок.

Претходна Шкода официјално ја покажа внатрешноста на новиот Kamiq
Следна Red Bull Air Race по дванаесетти пат почнува од Абу Даби

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!