Морган ги претстави освежените модели Plus Four и Plus Six

Со најновиот пакет за освежување што Морган го подготви за нивното бесмртно дуо „open-air“, најголемите промени дојдоа во патничкиот простор.

Модернизацијата во духот на сегашното време донесе со себе поголем информативен LCD дисплеј покрај традиционалните аналогни инструменти зад и до воланот во редизајнирана алуминиумска плоча која се нуди во неколку бои. Воздушните перничиња, кои пред редизајнот беа на листата на опционална опрема, сега се вклучени во стандардната опрема, а има и затворена преграда за ракавици, како и врвен аудио систем Sennheiser со осум звучници.

Она што не се гледа однадвор, но при поголеми брзини ќе им биде од помош на „романтичните“ возачи на Morgan, се новите амортизери и ESP системот со прилагодлив интензитет на работа.

Послабата верзија (Plus Four), чијашто каросерија е потесна во споредба со помоќниот Plus Six, е придвижувана од дволитарскиот четирицилиндричен (би)турбо бензински мотор на BMW кој развива 258 коњски сили при 4.400 вртежи во минута и 400 Nm врвен вртежен момент од 1.000 до 4.300 вртежи во минута, што се дистрибуира на задната оска со 8-брзински автоматски менувач. Клиентите кои сакаат верзија со рачен менувач со 6 степени може да сметаат на вртежен момент од 350 Nm.

PLUS LAUNCH CONTENT – EMBARGO 10am GMT 09/11/22

Двете верзии достигнуваат 240 km/h. Опцијата со автоматскиот менувач од 0 до 100 km/h достигнува за 4,8 секунди, што е за 0,4 секунди побрзо од опцијата со мануелен менувач.

Поширокиот, поагресивен и помоќен Plus Six не може да се има во комбинација со рачен менувач, а го придвижува линискиот трилитарски 6-цилиндричен битурбо мотор на BMW кој нуди 340 коњски сили и 500 Nm максимален вртежен момент, што е доволно. за 267 km/h и забрзување од 0 до 100 km/h за 4,2 секунди.

Една од најстарите британски автомобилски компании допрва треба да ги открие цените за своето освежено дуо на алуминиумската шасија CX, која ќе биде пуштена во продажба на почетокот на следната година.

Претходна Audi го претстави Q8 E-Tron, електричен SUV со 496 КС
Следна По едногодишен проект преклопливиот iPhone стана реалност

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!