Можен ли е опстанок на бракот без секс?

Дали браковите без секс можат да бидат среќни или пак се осудени на пропаст?

“Луѓето не влегуваат во врска само заради сексот, и иако на почетокот е многу важен за повеќето парови, тој всушност не го одржува бракот во живот. Мислам дека моќта на партнерството не е доволно препознаена во нашето општество. Тоа е она поради кое бракот функционира, а не сексот”, во една прилика изјавила легендарната британска глумица Хелен Мирен.

Со неа се сложуваат огромен број психолози и психотерапевти кои тврдат дека многу парови наоѓаат среќа во бракот без секс. Може ли да опстане бракот без интимниот однос – е прашање кое мачи многумина, а експертите имаат јасен одговор: Може.

Кои се најголемите лаги поврзани со браковите без секс?

  • Осудени се на пропаст

Долгогодишниот брак полн со страствени ноќи и редовен секс е само мит. Се разбира, има парови кои успеваат да ја одржат хемијата со еднаков интензитет како на почетокот на врската, но тие се ретки. Обврските и децата најчесто создаваат потполно различна динамика во интимниот живот на сопружниците.

Имаме помалку време за себе, ни се менуваат потребите и приоритетите, а страствената љубов од почетокот на врската доживува трансформација. За успешен брак, пред сè, потребно е меѓусебно почитување и разбирање. Бракот може да преживее без секс, но без овие две работи не може.

  • Ако од бракот исчезне сексот, тоа значи дека исчезнала и привлечноста помеѓу партнерите

Експертите велат дека недоволната привлечност ретко кога е причина за проретчување на интимниот однос. Тоа многу почесто се случува заради стрес, работни обврски и здравствени проблеми. Партнерот можеби и понатаму ви е еднакво привлечен, но тоа нема да го зголеми вашето либидо.

  • Кога сексот еднаш ќе престане, повеќе нема враќање како што било порано

Погрешно. Врските и браковите имаат многу фази. Често се случува сексот да престане од потполно оправдани причини како што е раѓање на дете, болест или некој поголем стрес. Ако партнерите се потрудат да имаат разбирање за таа фаза од бракот, може да излезат од ситуацијата посилни и повторно да ја пронајдат близината кога ќе дојде време за тоа.

  • За овој проблем не постои решение

Слабото либидо не е ретка појава. Ако се најдете во ваква ситуација може да се налутите на партнерот, или пак да се обидете отворено да разговарате за причините кои довеле до тоа. Одговорете на едноставното прашање: која е причината за намалената желба за секс?

Можеби се појавил здравствен проблем кој треба да се реши, можеби некои лекови влијаат на намалување на сексуалната желба, можеби постои некој емотивен проблем кој го криете, стрес поврзан со работата или финасиите… Има многу причини поради кои сексот може да престане, а  додека не ја пронајдете вистинската не можете ни да се зафатите со решавање на проблемот.

Заедничкото залагање да се реши проблемот може да ги зближи партнерите. Најважно е да запомните дека недостатокот на секс нема да ви предизвика чувство на осаменост сè додека имате искрена и отворена комуникација.

  • Во врската без секс се губат љубовта и поврзаноста

Ова е еден од најголемите митови за бракот без секс. Бракот и тоа како може да биде полн со љубов и нежност, и без интимниот однос. Можеби не сте повеќе спонтани и страствени како на почетокот на врската, но тоа не значи дека повеќе не се сакате. Блискоста се развива на многу начини, не само преку сексуалниот однос.

Претходна Кристијано Роналдо е мистериозниот сопственик на моментално најскапиот автомобил на светот
Следна На што треба да внимавате ако имате куче

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!