Метода на американската војска која гарантира заспивање за 2 минути

Откриена е метода која војниците ја користат како би осигурале доволно сон, а кој наводно скоро на сите им гарантира дека ќе заспијат за две минути.

Едноставен систем на американската војска е откриен во книгата Relax and Win: Championship Performance, каде што пишува дека методот има 96% успешност, после неколку недели на вежби.

Системот е осмислен кога во војската откриле дека пилотите прават грешки заради стрес и неспиење. Дури и кога не биле на смена биле уморни и не можеле да се одморат и наспијат. Нивниот стрес се таложел и така се случувало да направат фатални грешки. Оваа метода според нив прави чуда.

Прв чекор – опуштете ги мускулите на лицето, вклучително јазикот, вилицата и мускулите околу очите.

Втор чекор – Спуштете ги рамења ниско колку што можете повеќе.Опуштете ги горниот и долниот дел од едната рака, а потоа и од другата.

Трет чекор– Издишете, опуштете ги градите, а потоа пополека опуштете ги нозете почнувајќи од бутовите.Четврт чекор – После 10 секунди длабока релаксација, следниот чекор е да се исчисти умот. Наведуваат дека успехот е неизбежен.

Претходна Sunny Leone
Следна Mали европски градови кои мора да ги посетите

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!