Мерцедес со Хамилтон ја освои Големата награда на Кина

Јубилејната илјадита трка на Формула 1 во Кина, им донесе рутинска победа на Луис Хамилтон и Мерцедес.

Иако стартуваше од втората позиција позади својот клубски колега Бота, Хамилтон веќе на првиот свиок го престигна и изби на првата позиција, и до крајот на трката остана таму, со што ја постигна својата 75-та победа во кариерата.

Бота исто така ја задржа својата втора позиција до крајот на Големата награда на Кина, но го загуби првото место на табелата и заостанува зад Хамилтон со 6 поени.

Третото место му припадна на Себастијан Фетел. Германецот стартуваше од третата позиција, но на првиот свиок беше престигнат од својот колега од Ферари, Леклер. Сепак, по поминати 10 круга, од Ферари му беше укажано дека ќе треба да му го препушти на Фетел третото место, со што Леклер ја заврши трката на четвртата позиција.

Претходна Stratolaunch,најголемиот авион на светот го направи својот прв лет
Следна AI:ME е новиот концепт на градски електричен автомобил од Ауди

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!