Македонија се искачи на првото место во групата

Со победата над Швајцарија со 30:24 младинската ракометна репрезентација на Македонија се позиционираше на првото место во групата.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац по неочекуваниот нерешен резултат со Италија, против најсилните во групата покажаа ниво на игра за почит. Со оваа победа, Македонија изби на првото место во групата со пет бода, само еден повеќе од Швајцарија и од Украина и е на чекор до пласман во полуфиналето на шампионатот.

Утрешниот ден е слободен за ракометарите. Во четврток ќе се игра решавачкиот натпревар со Украина, а со тоа ќе се добие вториот патник во полуфиналето.

Македонските ракометари ќе треба да земат само еден бод и со тоа да си ја осигураат позицијата.

Претходна Општина Гази Баба го буди духот на акцијаштвото од СФРЈ
Следна Денес е роденден на првото бебе создадено со помош на ин витро фертилизација

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!