Легендата на светскиот фудбал – Марадона, како да исчезна

Аргентинецот Диего Армандо Марадона, во моментов тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос, како да пропадна во земја. Клубот во моментов е без тренер, иако новата сезона започна.

За причините сè уште се шпекулира. Едни велат дека малку повеќе го продолжил празнувањето на Божиќ и Нова година дома, во Аргентина, а другата причина вели дека има проблем со продолжување на договорот со актуелниот клуб и сака на овој начин да изврши притисок врз челниците на клубот.

Додека не се среди доаѓањето на Аргентинецот, негова замена најверојатно ќе биде Хозе Марија Мартинез, исто така Аргентинец.

Дали и кога ќе се појави Марадона, останува да се види.

Претходна Град во Австралија на генијален начин се бори со загадувањето на водите
Следна Mercedes-Benz X класата претворена во возило за кампување

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!