Ламборџини ги претстави специјалните верзии на Aventador и Hurican

На автомобилскиот саем во Женева оваа година, Ламборџини го претстави моделот Aventador SJ Roadster, но тоа не беше последната верзија на моќниот V12 суперавтомобил.

На Саемот за автомобили во Монтереј го покажа Aventador SJ 63 Roadster. Бројот 63 во ознаката ја претставува годината 1963 кога Ламборџини е основан.

Овој специјален Aventador всушност е принципот на персонализација на автомобилите по различни детали, бои и карактеристики. Значајно е да се напомене дека ќе се произведат само 63 примероци од оваа верзија.

Заедно со овој Aventador, претставен е и Hurican EVO GT Celebration, кој исто така е посебен. Со ознаката Celebration од Ламборџини сакаат да оддадат почест на успесите на овој автомобил на американското тло, особено на трките 24 часа Дејтона и 12 часа Сејбринг.

Автомобилот е со зелена боја и има низа на специјални детали.

Го придвижува истиот V10 мотор од тркачкиот автомобил и достапен е само на тлото на Северна Америка.

Претходна Alexis Ren
Следна McLaren F1 LM на аукција продаден за неверојатни 19,8 милиони долари

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!