Кои намирници кои имаат многу долг рок на траење

Ако се чуваат добро затворени на место без сонце и влага, некои намирници кои секојдневно ги користиме, немаат рок на траење.

Медот е природен биокатализатор, што значи дека му помага на телото подобро да ги искористи хранливите и лековитите материи од храната и лековите, во споредба со шеќерот секогаш е поздрава варијанта, без оглед на тоа колку долго стои. Ако е добро затворен, медот може да трае вечно. Во тоа се увериле и археолозите од Египет кои во една гробница пронашле мед стар околу 3000 години, кој сè уште може да се јаде. Со оглед на тоа дека содржи многу мала количнина на вода, шансите за преживување на бактерии и микроорганизми се екстремно мали.

Кои други намирници, освен медот, имаат вечен рок на траење?

Сите видови на оцет имаат прилично долг рок на траење, а белиот алкохолен оцет не може да се расипе, може евентуално да го промени вкусот.

Солта – во најлош случај може да се стврдне, но не и да се расипе.

Без оглед дали е светол или темен шеќер со поголем процент на меласа, оваа блага намирница никогаш не се расипува.

Чистиот екстракт од ванила, кој има висок процент на алкохол, нема да ги изгуби своите својства ако добро се затвори и се чува на суво и ладно место.

Сувиот грав може да се чува практично вечно, само имајте на ум дека колку е постар, толку подолго ќе треба да се вари.

Неотворените жестоки алкохолни пијалаци како ракија, вотка, џин или виски – немаат рок на траење.

Ако се чува во правилни услови, што значи без влага и светлина, за скробното брашно не мора да се плашите дека ќе се расипе.

За кафеавиот ориз проверете го рокот на траење на пакувањето, но на белиот не – ако се чува правилно, за него нема рок на траење.

Проверените брендови на сос од соја можете слободно со години да ги чувате во фрижидер.

Претходна Како завршуваа големите епидемии што убија милиони
Следна Фокусирајте се на детето на кое навистина можете да му помогнете и покажете ја хуманоста – Интервју со детскиот асистент Славе Павловски

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!