Клоп збесна по прашањето на новинар

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп бурно реагираше на прашањето на италијански новинар за безбедносната ситуација во Неапол пред вечерашната пресметка меѓу Наполи и „црвените“ на стадионот Диего Марадона.

„Не е прв пат да сте во Неапол. Дали мислите дека градот е опасен, откако Ливерпул ги предупреди своите навивачи на социјалните мрежи? праша италијанскиот новинар.

Кога прашањето на италијанскиот новинар беше преведено на Германецот, тој наеднаш го смени своето расположение:
„Тоа е срамно прашање. Сакате да направите сензационален наслов за весникот. Не ве разбирам. Дали сте од Неапол? Мислите дека тоа е опасен град? Не знам, не живеам во Неапол. Кога одам таму, одам од хотел до стадион, а ти сега ме прашуваш што мислам за Неапол… Знаеш што зборуваат луѓето. Ако некои навивачи се сретнат со други, нешто може да се случи. Нема врска со градот “, луто одговори Клоп.

Натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул се игра вечерва од 21 часот.

Претходна Bentley сега ќе го понуди луксузниот Flying Spur во Speed ​​верзија
Следна Што не треба да нарачате во италијански ресторан

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!