Кинезите се претставија со уште едно технолошко чудо

Кинезите не престануваат да изненадуваат со нивните техничко-технолошки достигнувања. Секојдневно сме сведоци на најневеројатни подвизи што ги постигнува кинеската индустрија.

Едно од тие достигнувања е тунел што кинеските градители го изградија на неверојатна висина од 4 750 метри, на Тибетанската планина Мила.

Имено, станува збор за тунел кој е дел од автопатот со должина од 400 километри и го поврзува регионалниот главен град Ласа со југоисточниот дел на Тибет. Тунелот со кој се скратува патувањето за 12,3 километри и воедно го прави патот побезбеден, е со должина од 5,7 километри.

Според одговорниот за изградбата на тунелот, при неговото градење постигнати се дури 10 технолошки подвизи, а еден од нив е пробивање на тунелот во екстремно ладни услови и на екстремна висина. При градењето, 2000 работници се соочиле со многу предизвици од кои екстремниот студ и недостатокот на кислород биле најголеми.

Конструкцијата на тунелот беше почната во 2015 година, а заврши оваа година и официјално за сообраќај беше пуштен во петокот, на 26 април.

Погледнете ги сликите и видеото за процесот на градење на неверојатниот тунел.

Претходна Ибрахимовиќ го продолжи натпреварот и во соблекувалните
Следна Што сè мажите треба да знаат за оралниот секс, за да ги задоволат жените

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!