Кинезите користат самовозечки трамваи кои не сообраќаат по шини

Во Кина се користат трамваи кои не се движат по шини и немаат електрични водови, туку се движат по асфалтна површина на која е исцртана патеката на движење.

Поконкретно се работи за тип на возило кое е комбинација од трамвај и автобус. Тие изгледаат како трамваи, но се движат на гумени тркала. Сепак, нивното движење е многу полесно од движењето на автобусите благодарение на технологијата за нивно стабилизирање.

智轨?

Трамваите се наречени автономен брз транзит (АРТ) и се користат во три кинески градови. Станува збор за самоуправувачки, автономни возила кои ја користат технологијата што се користи за автономни автомобили. Наместо електрични водови, тие имаат батерии кои се полнат при застанување на секоја станица.

Овие возила се 10 пати поевтини од конвенционалните трамваи. Можно е да започнете да ги користите неколку недели по купувањето, за разлика од конвенционалните, кои може да се користат неколку недели или дури месеци по купувањето. Дополнително, нема поголеми трошоци за одржување на трамвајската линија.

Сè повеќе држави планираат да ги набават овие трамваи, кои се особено важни за ревитализација на предградијата. Меѓу овие земји се Малезија, Израел и Австралија. Се очекува тие подобро да ги поврзат централните со попериферните делови на градовите и да бидат уште поеколошки и поефикасна замена за автомобилите, објаснуваат од Светскиот економски форум (СЕФ).

Претходна Голманот на Чешка го нокаутира Роналдо
Следна Духот на легендарниот 2CV е сè уште жив

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!