За што се може да се искористи талогот од испиеното кафе?

Мирисот на свежо сварено кафе наутро ги буди сите сетила кај човекот. Но покрај таа функција, кафето, поточно талогот од кафето, може да се искористи и за неколку други работи. Затоа не го фрлајте, туку употребете го корисно.

  • Отстранување на непријатните мириси од замрзнувачот. За да ги отстраните непријатните мириси од замрзнувачот ставете талог од кафе во чашка и ставете ја чашката во замрзнувачот. Талогот ќе ги впие мирисите и после 2-3 дена сменете го стариот талог со нов и пак вратете ја чашката во фрижидер.
  • Полесно чистење на каминот. Ако се подготвувате да го чистите каминот пред да се фатите за метличката посипете го пепелот со талог од кафе. Влагата од талогот ќе се врзе за пепелта и ќе ви биде многу полесно да ја соберете содржината без да ви се разлета пепел.
  • Полесно отстранување на тврдокорни дамки. Ако немате сунѓерче при рака за да измиете нешто, но имате талог од кафе, можете да го употребите за да истриете нешто од чиниите или чашите.
  • Поттикнување на растењето на цвеќињата. Талогот од искористеното кафе е полн со хранливи материи кои може да се користат за прихранување на растенија. Едноставно посипете го талогот на дното од цвеќињата и оставете го.
  • Како средство за пилинг. Доколку сте љубител на изработка на домашен сапун, едноставно измешајте ја содржината за сапунот со талог од кафе и кога ќе се спојат и ќе се стврдне сапунот покрај средство за миење имате и средство за пилинг.
  • Елиминирање на мирисот на лук од прстите. При подготвување на вкусни јадења, особено кога користиме лук, на прстите секогаш се задржува јакиот мирис од лукот. Ако ги истриеме прстите со талог од кафе мирисот на лук едноставно ќе го снема.
  • Отстранување на смрдеата од чевли и патики. Талогот од кафе едноставно ставете го во стара најлон чорапа, заврзете ја чорапата и ставете ја во чевлите или патиките. Магично лошата миризба ќе исчезне.
  • Бркање на непосакувани мачки од градината. Кога во градината имате цвеќиња кои ги одгледувате со големо внимание и ви се појавува непосакувана мачка во градината, тогаш имате проблем. Направете мешавина од талог од кафе и кора од портокал за да добиете микс од интензивен мирис кој ги брка мачките. Мешавината едноставно расфрлете ја низ градината.
Претходна Telluride новиот SUV за осум лица на KIA
Следна Jaguar F-Pace доработен од Lister достигнува 322 km/h

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!