За што размислуваме повеќе во текот на денот, за храна или за секс: ?

Кога работите нешто многу важно, на пример разговарате со шефот за новиот проект или зборувате со партнерот, дали некогаш сте почнале да мислите на храна? Не грижете се, тоа е многу честа и нормална појава.

А сте слушнале ли за тврдењето дека мажите помислуваат на секс на секои седум секунди? Всушност, тоа не е баш точно.

И покрај вообичаените стереотипи, мажите не размислуваат за секс постојано, туку само – често. Во студијата спроведена на Државниот Универзитет во Охајо е утврдено дека мажите помислуваат на секс во просек 19 пати дневно, што е на околу секои 50 минути. Тоа го побива митот за седумте секунди. Ако погледнеме пореалистично, секои седум секунди значат околу 8000 сексуални мисли за 16 часа, што е малку веројатно.

Жените пак, од друга страна, помислувале на секс во просек 10 пати дневно.

Истата студија открила дека мажите помислуваат на храна 18 пати дневно, а на спиење 11 пати дневно. Жените, повторно, покажале пониска цифра, со 15 пати дневно помислување на храна, а 8,5 пати на спиење.

Од истражувањето може да се заклучи дека мажите повеќе од жените размислуваат за базичните потреби како што се потребата за јадење, спиење и секс.

Претходна Добредојдовте во светот на “Madame X”
Следна Škoda Kodiaq, Octavia Scout и Superb – најдобри возила со погон на сите тркала

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!