Желбата да го имате технолошкото чудо Apple Mac Pro – ќе ве чини над 33 000 долари

Епл соопшти дека за новиот Mac Pro ќе треба да издвоите 6 000 долари, но на сите им е јасно дека  доколку сакаат машина која ќе ја извршува работата за која е наменет, ќе треба да одвојат многу повеќе од тоа.

Новинарите на специјализираната интернет-страница наменета за технологија “The Verge”, си поиграа со можните конфигурации на Mac Pro и дојдоа до заклучок дека за да добие апсолутен минимум на професионална графичка станица, потребни се најмалку 33 720 долари, и тоа без да се вкалкулираат четири графички процесорски единици кои ја зголемуваат цената до 45 000 долари.

За таа сума видеомонтажерите и други креативци добиваат многу моќ, и тоа Intel Xeon W процесор со 28 јадра кои работат на 2.8 ghz, речиси невозможни 1,5 терабајти рам меморија, 4 терабајти SSD внатрешна меморија и четири AMD Radeon Pro Vega II Duo GPU единици.

Ако на ова се додаде и Pro Display XDR монитор и Pro Stand држач, комбинацијата достигнува неверојатни 50 000 долари.

Многу моќ за многу пари, но професионалноста не прифаќа компромиси.

Претходна Концепт кој ќе ја смени досегашната перцепција за патнички авион
Следна Преоѓањето на Жоао Феликс во Манчестер Сити, ќе ѝ донесе на Бенфика заработка од неверојатни 120 милиони евра

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!