Доктор Хаус се уште изгледа непрепознатливо

Англискиот актер Хју Лори, кој јавноста најмногу го памети по главната улога во хит серијата „Dr.House“, се шеташе со своето куче низ улиците на Лондон, а освен за неговиот непрепознатлив изглед, фановите беа загрижени и за повредата на неговата нога.

На фотографиите се гледаат гребаници на рацете и нозете, а не се знае како настанале. Во претходните интервјуа, Лори истакна дека не обрнува многу внимание на својот изглед.

“Генерално ми се допаѓа како мажите во Англија изгледаат подобро од оние во Америка. Без разлика на нивната окупација, Американците се беспрекорно дотерани и негувани. Ја сушат косата со фен и ми се чини дека се шетаат со чешел во џебот. Неодамна вечерав со Џорџ Клуни и тој беше толку убав“, изјавил актерот во една прилика.

Неговиот непрепознатлив изглед веројатно е резултат на неговите преференции кои своевремено јавно ги кажа.

„Но, претпочитам релаксиран пристап за да изгледам убаво. Претераното уредување го сметам за губење време, наместо тоа би било покорисно да научам да свирам на тромбон“, додаде тој.

Обожавателите на ѕвездата на „Д-р Хаус“ на социјалните мрежи напишаа дека нема да го препознаат актерот доколку го видат на улица, а се загрижени и за неговата рана.

Претходна Маск ја критикуваше работата на далечина
Следна Баерн се реши на радикално штедење

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!