Добар просек

Повеќето мажи никогаш нема да признаат дека имаат просечен, па дури и лош сексуален живот. Меѓутоа, бидејќи алкохолот е фантастичен растворувач на егото, некому може да му се случи во моменти на опиеност со оваа супстанца да признае дека во неговиот кревет навистина не цветаат рози, каранфили и други цвеќиња од украсна природа. Елем, приказната што следи е просечна и се граничи со невозможното кога е во прашање сексуалната кондиција.

Роб Бентон, човекот кој ја уредува веб-страница која се занимава со секс рекорди, вели дека одреден господин ќе го собори рекордот така што ќе спие со 20 жени во ист ден и ќе доживее оргазам со секоја од нив. Сопственик на актуелниот рекорд е порно ѕвездата Роко Сиферди, кој успеал да го направи тоа 14 пати во еден ден… хм…? Бентон додава дека идентитетот на новиот херој ќе остане неоткриен уште некое време. Целиот овој „хепенинг“ ќе се случи во јули оваа година, а потенцијалниот рекордер бара девојките да му излезат во пресрет и да му помогнат.

И да успее, рекордерот нема да влезе во Гинисовата книга бидејќи како што велат од институцијата не ги интересираат вакви видови рекорди и сигурно нема да воспостават слична категорија. Не успеавме да дознаеме дали можеби сето ова ќе можеме да го гледаме преку Интернет, но тоа секако е очекувано бидејќи мора да постои и комерцијалната страна на настанот. Всушност, можеби нема да мора, 20 оргазми на ден со различни жени е доволно комерцијална сама по себе, нели?

Тоа би било што се однесува до овој непознат херој, па ако мислите дека вашиот сексуален живот е на врвот и сте хиперактивни поради тоа, знајте дека има и такви кои дефинитивно држат над рака. Останува да видиме што ќе појадува амбициозното момче тоа утро, можеби стрихтин?

Претходна Користење на бета-глуканите за подобар имунитет
Следна Размената на партнери како зачин на страста?

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!