Доаѓа нов филм на Нолан за таткото на атомската бомба

Се појави тизерот за филмот Опенхајмер во режија на Кристофер Нолан, а Силијан Марфи во главната улога.

Тоа е најновата соработка на Нолан и Марфи, кои веќе соработуваа на трилогијата за Бетмен, Inception и Dunkirk. Сега Марфи ја толкува улогата на Џ. Роберт Опенхајмер, таткото на атомската бомба. Опенхајмер е заснован на книгата на Каи Бирд и Мартин Ј Шервин, American Prometheus: The Triumph and Tragedy of J. Robert Oppenheimer

На Марфи му се придружува ол-стар актерската екипа која ги вклучува Кенет Брана, Мајкл Ангарано, Роберт Дауни Џуниор, Мет Дејмон, Емили Блант, Флоренс Пју, Рами Малек, Бени Сафди, Џош Хартнет, Дејн ДеХан, Џек Квејд и Метју Модин.

Според IndieWire, буџетот за Опенхајмер ќе биде околу 100 милиони долари, што е значително помалку од последниот филм на Нолан, Тенет, чија продукција чинеше над 200 милиони долари. Од друга страна, Опенхајмер содржи помалку акција и повеќе како личен поглед на една од највлијателните личности во историјата.

Филмот доаѓа во кината на 21 јули 2023 година и се очекува да биде голем хит на бокс офисот, како и многу изданија на Нолан, како што се Dark Knight, The Dark Knight Rises, Inception и Dunkirk.

Претходна Истражувачите развија уред кој ја претвора морската вода во вода за пиење
Следна Ford Escort RS Turbo кој и припаѓаше на принцезата Дијана излегува на аукција

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!