Дали е вашата ерекција доволна цврста?

Постигнувањето и одржувањето на ерекција не е тема кога сте во раните дваесетти години – но експертите предупредуваат дека оваа тема станува поинтересна веднаш штом ќе наполните триесет години

Според зачестените истражувања, повеќе од половина од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години имаат проблеми со еректилна дисфункција, некои повеќе – некои помалку. Но, факт е и дека се повеќе млади страдаат од овие проблеми – што само го докажува влијанието на современиот начин на живот врз нашето здравје: стрес, алкохол, цигари, опијати.

Резултатите од истражувањата во светот на сексуално активни мажи и жени укажуваат на тоа дека колку е поголема јачината на ерекцијата, толку е поголемо задоволството на обајцата партнери за нивниот сексуален живот, љубовта, романтиката и целокупното здравје. Според тоа, оптималната јачина на ерекција е еден вид одредница и еден од елементите што им укажува на лекарите дека е потребна интервенција или третман.

Како да се утврди јачината на ерекцијата?
Според некои студии, постојат четири фази на ерекција. Зафатете пенкало и хартија и запишете го тоа што сте го достигнале максималното ниво за време на секој сексуален чин во текот на минатиот месец. Еве неколку показатели за секоја фаза:

  1. Пенисот е зголемен, но не е цврст (би рекле, како сунѓер);
  2. Пенисот ви е поцврст, но недоволно за пенетрација (споредете го со излупена банана);
  3. Вашиот пенис е доволно цврст за пенетрација, но не е целосно цврст (како неизлиштена банана);
  4. Вашиот пенис е цврст и тврд (тој е цврст како краставица).

Кога е време да го вклучите алармот?
Експертите предупредуваат дека секој маж би требало да достигне 4 фаза за време на сексуален однос (освен ако ејакулацијата не се случила порано истиот ден). Сè што е под тоа ниво, без разлика дали се случува само повремено, е показател за можни проблеми и дефинитивно треба да се јавите кај вашиот уролог.

Претходна Проектот H-UAZ е рускиот хамер, концепт на UAZ
Следна LUNIZ — I GOT 5 ON IT

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!