Во најава големи промени во трансферите на фудбалерите

Посебна комисија на FIFA предложи користење на посебен алгоритам според кој би се пресметувале отштетите за играчите при трансфер од клуб во клуб, и плаќање на данок на луксуз за клубовите-трошаџии. Се предлага и ограничување на бројот на играчи кои одреден клуб може да ги прати на позаjмица.

Во извештајот на комисијата се истакнува дека сегашниот систем овозможува различни видови на искористувања, главно на младите играчи и е штетен за интегритетот на натпреварувањето.

“Системот на трансфер на играчи се претвора во шпекулативен пазар, што не е фер кон клубовите што произведуваат фудбалери и се темел на професионалниот спорт. Затоа се неопходни механизми преку кои ќе се постигне транспарентност и објективност во пресметката на отштетата при трансферите” изјавуваат од FIFA.

За да се постигне сето тоа, се предлага користење на алгоритам, односно систем на математички правила со кои би се пресметувала вредноста на играчот.

Со воведување на данок на луксуз од FIFA сакаат да основаат фонд на солидарност кој би се полнел со пари собрани од најбогатите трансфери, додека бројот на играчи што еден тим може да ги позајми во сезона би можел да се ограничи на 6-8.

Овие заклучоци се во склад со програмата на претседателот на FIFA, кој најави дека еден од приоритетите ќе му биде реформата на системот на трансфер на играчи.

Претходна Си заминува легендарната Буба
Следна Лесна победа на РК Работнички на првиот натпревар од Првата македонска ракометна лига

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!