Брод стар 2500 години откриен во водите на Нил

450 години пред Христос, грчкиот историчар Херодот во своите текстови опишал брод кој никогаш не бил пронајден.

Кога археолозите го откриле античкото пристаниште Хераклеон, биле откриени и седумдесетина потонати бродови од тоа време.

Еден од откриените бродови, означен како брод 17, многу наликувал на бродот опишан во текстовите на Херодот.

“Од стебла на багрем отсекувале парчина со должина од два лакта и ги ределе како цигли, прицврстувајќи го чамецот заедно на тој начин што низ дводелните парчиња протнувале долги шрафови. Кога заедно ќе го поврзеле целиот чамец од внатрешната страна споевите ги затворале со папирус.” – нашишал Херодот во своите текстови.

Напишал дека за изградбата на бродовите сведочел низ патешествијата ширум Египет.

Изградбата на бродовите е малку необична па се смета дека можеби Херодот малку и погрешил при објаснувањето.

Во 2000 година Хераклеон бил откриен на западниот слив на Нил во Медитеранот. Откриен бил од експедицијата што ја водел археологот Френк Годио. До сега успеале да пронајдат повеќе од 70 бродови кои датираат од осмиот до вториот век п.н.е.

Пронајдениот брод со ознака “брод 17” датира од периодот меѓу 664 и 332 година пред Христос. Бил потонат во кал скоро 2500 години и е одлично зачуван, што на археолозите им овозможило да истражат 70% од бродот.

Дури кога го пронашле бродот и кога успеале да испитаат поголем дел од него сватиле дека текстовите на Херодот се вистинити.

Претходна Еротска масажа и фантазиите
Следна Машина која од воздух произведува вода

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!