Ботас испишува историја и се стартува од челната позиција на Големата награда на Мексико

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, ја освои пол-позицијата и ќе стартува од првиот ред на вечерашната трка за Големата награда на Мексико.

Ботас постигна најдобро време во квалификациите одржани синоќа, а рундата што му ја донесе пол-позицијата заврши со време 1:15.875.

Неговиот тимски колега од Мерцедес Луис Хамилтон го освои второто место и така дуото од истиот тим ќе стартува од напред, а третото место го зазеде возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.
Најдобрата петорка ја заокружија Серхио Перез и Пјер Гасли, додека во Топ 10 се најдоа и Карлос Саинц, Даниел Рикиардо, Шарл Леклер, Јуки Цунода и Ландо Норис.

Иако заврши на деветтото место, Цунода ќе стартува од задниот дел поради промена на погонската единица.

Интересно, Ботас испишува историја со освојувањето на пол-позицијата. Имено, со 19. пол-позиција во кариерата, Финецот го престигна Рене Арну (18) меѓу возачите со најмногу стартни позиции пред трката од возачи кои никогаш не освоиле светска титула.

Претходна Војската на САД развива моќно ласерско оружје, најсмртоносното до сега
Следна Како изгледа животот во најстуденото село на светот: вотка, замрзната земја и полски тоалет

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!