Џони Штулиќ објави нов албум со 42 песни

Џони Штулиќ, фронтменот на поранешната група Азра, го објави новиот албум „Каверн“ кој се состои од 42 песни.

„Каверн“ се состои од досега необјавени авторски песни на Бранимир Штулиќ.

Албумот содржи 42 песни, а Каверн значи пештера, што претставува враќање кон корените, односно изворните вредности.

Некои од песните објавени на албумот се: „Туѓо не сакаме, свое немаме“, „Владика“, „Адиос“, „Земи си ги сега приказните“, „Се што сјае не е злато“, „Немир мој“, „Господ ги уби непријателите“…

Минатата година, поточно на 31 декември, Штулиќ објави албум со голем број песни. На последниот ден од 2021 година, тој го издаде албумот наречен „Сплет“ кој содржеше 28 песни.

Претходна Новиот хиперавтомобил Zenvo пристигнува со V12 мотор, ќе развива до 1.800 КС
Следна Smart #1 Brabus изгледа суптилно и „крие“ 422 КС

Награден напис

Римац Невера постави нов брзински рекорд за возење во рикверц!

Откако последователно соборуваше светски рекорди, Римац Невера сега почна да се менува. Хиперавтомобилот Rimac Nevera, …

Првите снимки на универзумот од европскиот вселенски телескоп Еуклид

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги објави своите први снимки, откривајќи блескава маглина во облик …

Don`t copy text!