Иако многумина сметаат дека 10,000 чекори се бројот што секој од нас треба да го постигне секој ден, Јутјубер Илија Ор реши да го направи тоа чекор и да отиде малку понатаму. Всушност, 90.000 чекори понатаму.
Имено, тој си постави импресивен предизвик – да направи 100.000 чекори за 24 часа.
Тој сними сè со камерата, а денот го започна со прилично мудар потег. Наместо да се вози до локалното кафуле за првото утринско кафе, тој реши да се прошета, така што до 8 часот наутро веќе направил импресивни 8000 чекори.
После тоа, тој истрча, но, исто така, направи неколку долги прошетки и се почести со 30-минутно спиење и протеински шејк за да ја врати енергијата на организмот.
Тој наскоро заклучил дека е на половина пат и дека веќе направил 52.090 чекори. Сепак, тука започнува заморот да си го зема данокот.
Но, тоа не го спречува да го заврши предизвикот. Проверете точно колку чекори на крајот презеде и како успеа да го стори тоа во видеото.
