Јапонскиот Формула 1 возач Јуки Цунода и следната сезона ќе биде член на тимот АлфаТаури.
Цунода се приклучи на Алфа Таури на почетокот на сезоната 2021 година и помина две години заедно со тимскиот колега Пјер Гасли. Освои 43 поени, од кои 32 минатата сезона, а најдобар финиш беше на трката за Големата награда на Абу Даби минатата година, кога целта ја мина како четврти.
„Сакам да им се приклучам на Ред Бул, Хонда и АлфаТаури бидејќи тие сè уште ми даваат можност да возам во Формула 1. Минатата година се преселив во Италија за да бидам поблиску до фабриката, се чувствувам дел од тимот и мило ми е што продолжувам тркање за нив и 2023. Се разбира, тековната сезона не е завршена и ние се уште се бориме на средината на поредокот, така што јас сум целосно фокусиран добро да ја завршиме сезоната, а потоа ќе се свртиме кон следната година“, изјави Цунода. .
Се уште не е познато кој ќе биде колега на 22-годишниот Јапонец. Алфа Таури и Ред Бул истакнаа дека се подготвени да го пуштат Гасли доколку најдат соодветна замена, а решението би можело да биде возачот на Инди Кар Колтон Херта доколку добие супер лиценца.