Првото нешто што ни паѓа на ум за Јувентус се традиционалните црнобели тесни вертикални линии. Тоа секогаш било знак за распознавање на торинскиот прволигаш. Но, од следната сезона овој традиционален дрес оди во заборав и на негово место доаѓа нов.
Порталот Footy Headlines, кој се занимава со изгледот на дресовите на фудбалските екипи, го покажа изгледот на новиот дрес на Јувентус за новата сезона.
Наместо познатите тенки вертикални црнобели линии, новиот дрес ќе биде поделен на две половини – црна и бела, а ќе ги раздвојува розева линија. Двата ракави ќе имаат контрастна боја, а околувратникот ќе биде со ве-изрез.
Последен пат розевата боја на дресот на Јувентус е искористена на дресот што фудбалерите го носеа кога играа на гости пред три години.
Многумина претпоставуваат дека промената на дизајнот на дресот е поврзана со промената на грбот на тимот од пред две години. Новите дресови се очекува да бидат покажани кон средината на летото оваа година.
