Упорноста, доследноста и дисциплината на Јапонците ни се добро познати.
На атлетскиот маратон што се одржа во Фукоки, уште еднаш се докажа упорноста на дело. Атлетичарката Реи Илда, трчајќи го маратонот на 180 метри, ја скрши ногата пред предавањето на штафетната палка на следната членка на својот тим. Но, реши дека нема да се откаже и останатите метри бодрена од волонтерите и публиката, оставајќи крвава трага од повредата ги отползе и ја предаде штафетната палка. Следната атлетичарка ја превзема палката и плачејќи продолжи да го трча завршниот круг од маратонската трка.
Судијата за локалните медиуми изјави дека размислувал да ја прекине трката, но сепак решил да ѝ даде шанса да заврши.
По завршувањето на нејзиниот дел од трката, Реи Илда е префрлена во болница каде што ѝ е санирана повредата и закрепнувањето ќе трае неколку месеци.