Ѓоковиќ со желба да стане најдобрата верзија од себе

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се обидува да открие како да стане најдобрата верзија од себе, а исто така откри дека му се восхитува на Никола Тесла и неговиот животен стил.
Ѓоковиќ повторно одговори на прашањето за пандемијата на коронавирус, но овој пат беше многу поумерено и рече дека ја разгледува целата светска состојба.

“Во моментот има многу неизвесност и страв. Постои паника и тоа е нормално ако ги следите вестите и видите колку луѓе се заразени. Луѓето се во карантинин и знам дека не е лесно да се справите со сето ова, но сепак треба да гледаме на позитивната страна. Можеме да поминеме квалитетно време со семејството и да размислиме што би можеле да правиме во иднина.

Српскиот тенисер подоцна истакна дека предизвикот да учиме за нас самите и да истражиме како максимално да го искористиме нашиот ум, емоции и да работиме на телото.

“Го чувствувам предизвикот да учам за себе, да истражувам како се функционираат нашите умови, емоции. Како влијаеме едни на други, зошто сме тука, кои сме, што ќе биде кога ќе ги напуштиме нашите тела. Ми се допаѓа да размислувам за тоа, а клучот е во тоа да имаме отворен ум “, открива Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ посочи дека многу учи од децата како да го живее животот во моментот и како да им простува на луѓето.

“За мене, тенисот е арена каде сè излегува на виделина. Ме предизвикуваат илјадници нешта и сфаќам дека имам многу работа за да ја постигнам мојата идеална верзија. Ме мотивира и води, овој спорт е одлична платформа за мене за да напредувам”, рече Ѓоковиќ и додаде:

“Се восхитувам на Никола Тесла, тој сватил дека треба да се свртиме кон себе и да живееме живот во хармонија. “, истакна оковиќ.

Претходна Тогоанецот Адебајор со одговор кон новинарите за нивните критики
Следна Џејсон Момоа секојдневно тренира во карантин со своите деца

Награден напис

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Колку често водите љубов?

Сексот често се зема како параметар за квалитетот на врската/бракот, а во зависност од неговиот …

Don`t copy text!