Обично на тенисерите по 30-тата година полека им опаѓа формата, и само неколку успеваат да постигнат врвни резултати.
Сепак, двајцата тенисери во категоријата „30+“ се далеку над другите кога станува збор за одржување на формата и резултатите.

За Новак Ѓоковиќ ова е 69-та недела како е на врвот на АТП-листата откако наполни 30 години и го сруши рекордот што Рафаел Надал го држеше досега со 68 недели како најдобар тенисер кој влезе во четвртата деценија од животот.
Колку се посебни двајцата покажува фактот дека Андре Агаси е на третото место во клубот „30+“ со „само“ 33 недели на првото место, додека Роџер Федерер помина само 25 недели на врвот откако наполни 30 години.