Што ќе се случи ако во авион не ја вклучите опцијата „авионски режим“?

 
Ако често патувате со авион, веќе сте навикнале на почетокот од секој лет да ве предупредуваат да ги исклучите мобилните телефони и другата електронска гаџетерија или да ги префрлите на „авионски режим“ (Airplane mode). Сигурно некогаш сте се запрашале што ќе се случи ако не го направите тоа.


Не станува збор дека авионот поради сигналот од вашите телефони ќе се расипе или сруши, но тие ќе произведат фреквенции кои се многу посилни во воздух отколку кога сте на земја, дури 8W, а тоа ќе предизвика непријатен звук кој ќе им пречи на пилотите и контролорите на летот. Може да се случи поради тоа тие да пропуштат некоја важна информација, пренесува Tech Worm.
„Ако сте чуле бучава која повремено се случува кога мобилниот телефон е во близина на радиоприемник, тогаш знаете за што ви говориме. Таквите звуци јас ги слушам кога управувам со авион. Нема да ја нарушат безбедноста на летот, но се ужасно иритирачки“, објаснува еден професионален пилот.
После ова, можеби ќе си мислите дека не е голем проблем ако не го исклучите телефонот, но ако истото тоа го помислат сите патници во авионот, тогаш навистина може да се предизвика претерано голема бучава при радиосигналите.
 

Претходна Snoop Dogg & Wiz Khalifa, Pop Smoke – BOSS ft. Tyga, YG, Nipsey Hussle & 2Pac
Следна Не напаѓате куче што не лае, вели Ибрахимовиќ

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!