Оралниот секс не е нуклеарна физика. Едноставен е, а дава многу задоволство. Потребно е трпение, слушање на желбите на партнерот и желба.
Според експертите, хетеросексуалните жени статистички доживуваат најмалку оргазми. Најчестата причина за тоа е тоа што нивниот партнер не вложува доволно напор, особено кога станува збор за оралниот секс.
Следуваат неколку совети и упатства за тоа како мажите вистински орално да ги задоволат жените.
- Никогаш не одете директно на клиторисот. Кога ја задоволувате жената орално, употребете повеќе време. Подгответе ја, не одете директно на клиторисот. Посетување на регијата околу клиторисот внесува поголема возбуда. Предиграта е многу важна, и следете го говорот на нејзиното тело.
- Употребете уште нешто освен јазикот. Заборавете сè она што сте виделе во филмовите за возрасни. Она што треба да го направите е да ја отворите устата, длабоко да вдишите и да нурнете внатре. Користете ги притисокот и контурите на лицето, носот, брадата, користете и прсти. Многу жени позитивно ќе одговорат на користењето на прст или два при орален секс.
- Заземете вистинска положба. Ако партнерката лежи на грб, ставете ги рацете на нејзините бедра и поставете се така што ќе имате најдобра позиција.
- Дајте ѝ до знаење дека и вие уживате. Кога ја задоволувате орално партнерката, не правете да изгледа дека сè што правите е услуга за неа. Нема ништо поубаво и потопло од тоа партнерката да види дека и вие уживате во сексот со неа.
- Прашајте ја партнерката што сака. Има жени што не сакаат орален секс. Разговарајте, прашајте ја што и како сака. Можеби ќе придонесете во тоа и таа да почне да посакува орален секс.
- Кога ќе го пронајдете местото каде што жената е најосетлива, останете таму. Еднаш кога ќе го откриете местото на кое жената е најосетлива и ѝ причинува најголемо задоволство, задржете се таму и продолжете со орална стимулација. Погрешно е тоа што многу луѓе мислат дека ако се задржат на едно место долго ќе предизвикаат монотонија и досада. Правете го тоа и следете го говорот на телото на вашата партнерка и резултатот – оргазмот нема да изостане.