Што е Златно млеко и зошто е одлично за здравјето?

Освежително, ледено и супер здраво, леденото Златно млеко стана вистински летен хит. Златното млеко го добило името благодарение на главната состојка – куркумата, која на овој пијалок му ја дава карактеристичната жолта боја. Куркумата може да помогне при болки во зглобовите, воспаление, проблеми со црниот дроб или респираторни заболувања. Богат е со железо, витамин Б 6, влакна и бакар и докажано делува против летаргијата, го зајакнува нашиот имунолошки систем и на тој начин помага побрзо да ја преболиме настинката.

Состојки за златното млеко:

1 лажичка куркума во прав

1 лажичка цимет

1 лажичка ѓумбир во прав

2 лажици нектар од агава или јаворов сируп

350 мл овесно млеко

4-5 коцки мраз

Подготовка:

Дополнителна предност на Golden milk е тоа што овој напиток се подготвува исклучително брзо и лесно! Истурете ги сите состојки во шејкер за коктел, додадете коцки мраз и енергично протресете за целосно да се раствори прашокот. Послужете веднаш, а по потреба посипете уште малку цимет врз леденото Златно млеко. И тоа е тоа, уживајте!

Претходна Автомобилската индустрија сега ја презема контролата врз набавката на чипови
Следна Тристан Да Куња: најоддалеченото место во светот

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!