Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата во пресрет на Француското ГП, неговата седма пол-позиција во сезоната.
Леклерк ги заврши квалификациите со време од 1:30.872, додека Макс Верстапен заврши на второто место со заостанување од +0.304 секунди. Од третата позиција ќе стартува Серхио Перез, исто така возач на Ред Бул, а од четвртата ќе стартува Луис Хамилтон.
Ова е прва пол-позиција за Ферари на патеката Пол Рикар од 1990 година. Во меѓувреме, шампионатот се возеше на патеката Magny-Cours.
Уште пред почетокот на квалификациите се знаеше дека вториот возач на Ферари, Карлос Саинц поради промена на моторот ќе стартува од задната страна, а трката е закажана за в недела со почеток во 15 часот.
Што се однесува до генералниот пласман, Верстапен е прв со 208 бодови, 38 повеќе од Леклер кој е втор. Перез е трет со вкупно 151 бод, а Саинц е четврти со 133 бодови.