Челзи го „краде“ Алисон пред носот на Ливерпул

Ливерпул беше првиот клуб кој испрати официјална понуда за голманот на Рома, Алисон. Меѓутоа, Челзи влегува ви траката за голманот и е спремен да лецитира.

Вчера „црвените“ испратија официјална понуда од 70 милиони евра за Алисон со вклучени бонуси. Раководството на Рома се уште нема дадено одговор на понудата бидејќи бараат најмалку 75 милиони евра.

Сега Челзи е спремен да испрати повисока понуда од „црвените“, односно да ги плати бараните 75 милиони евра, пренесува „Скај Италија“.

Во моментов Ливерпул е во предност и може да го комплетира трансферот во следните неколку дена, но „сините“ нема да се откажаат и се спремни на наддавање во кои ќе понудат и 80 милиони евра.

Претходна Посрамениот Калиниќ е на чекор до трансфер во Атлетико Мадрид
Следна Нејмар со коментар: Роналдо е тој што ќе го смени погледот кон Серија А

Награден напис

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Топката со која Марадона го постигна голот со „Божјата рака“ беше продадена на аукција

На аукција во Лондон топката со која Диего Марадона го постигна познатиот гол „Божја рака“ …

Don`t copy text!