Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за многу процеси во телото, вклучувајќи регулација на мускулните и нервните функции, регулирање на нивото на шеќер во крвта, регулирање на крвниот притисок, но и за градење мускули, коски и ДНК. Со оглед на неговата важност, недостатокот на овој минерал се манифестира преку депресија, грчеви во мускулите, аритмија, лошо варење, а долгорочно може да доведе до посложени болести.

Потребите зависат од возраста и полот, а кога се во прашање возрасните, на жените им се потребни 310 до 320 милиграми магнезиум дневно, а таа бројка се зголемува доколку жените се бремени, додека препорачаната дневна доза на магнезиум за мажи е до 400 милиграми.

Храната како темно чоколадо, авокадо, лиснат зеленчук, јаткасти плодови, семки, банани, содржи многу магнезиум, а доколку ги немате овие продукти, можете да направите напиток кој ќе го компензира магнезиумот во организмот.


За оваа напивка ќе ви требаат следниве 4 состојки:

25 гр семки од тиква

200 мл бадемово млеко

2 супени лажици ленено семе

еден портокал


Подготовка:

Во блендер ставете ги семките од тиква и лен и додадете го сечканиот портокал. Потоа додадете го бадемовото млеко и изматете околу 30 секунди. Добиениот напиток нека отстои неколку минути. Експертите советуваат овој напиток да го консумирате наутро, за да имате доволно енергија во текот на денот и да бидете добро расположени.

Претходна Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави
Следна Мистериозно кинеско летало

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!