Фудбалерите на Црвена звезда вечерва ремизираа со израелски Макаби од Хаифа (2:2) во реваншот од баражот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите и на малку неверојатен начин загубија по автогол ја изгубија шансата за пласман.
Иако Црвена звезда феноменално влезе во овој натпревар на преполната Маракана, сепак се заврши трагично.
Звезда поведе во 27. минута кога Александар Пешиќ ја погоди мрежата на гостите. На неколку минути до крајот на првото полувреме, белграѓани го удвоија водството со голот на Мирко Иваниќ на асистенција на стрелецот на првиот гол, Александар Пешиќ.
Екипата на Макаби Хаифа се врати во натпреварот во судиското надополнување на првото полувреме. Најпрвин голманот на Звезда, Милан Борјан им одбрани пенал на гостите, но во последниот напад прими гол од повеќе од 30 метри.
Со резултат 2:1, екипите влегоа во вториот дел, а овој резултат значеше дека ќе се играат и продолженија.
Сепак, во судиското надополнување на вториот дел, по центаршут од левата страна, играчот на Црвена звезда, Милан Павков, случајно ја упати топката во сопствениот гол и на тој начин ја „нокаутираше“ Звезда од награден фонд од околу 30 милиони евра за влез во групната фаза. на Лигата на шампионите.
Резултатот не се промени до крајот и со тоа Макаби од Хаифа се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите.