Новак Ѓоковиќ покрена нова иницијатива за да им помогне на тенисерите најпогодени од паузата поради пандемијата на коронавирус.
Ѓоковиќ, претседател на Здружението на играчи, посочи дека најдобрите светски тенисери се вклучиле во акцијата за да им помогнат на колегите кои, за разлика од нив, немаат друг извор на приход освен турнирските награди, а многу од нив сега се практично банкрот.
Играчите на врвот на АТП-листата имаат богати спонзорски зделки и заштедија поголеми суми пари на нивните банкарски сметки, така што оваа присилна пауза не влијае многу на нивната финансиска состојба.
Затоа, Ѓоковиќ предложи неговите колеги да соберат пари што ќе им бидат дистрибуирани на играчи рангирани на 101-та и пошироко, и со тоа да го спасат спортот на некој начин.
Ѓоковиќ посочи дека играчите од 1 до 100 место да одвојат од 5.000 до 30 000 долари, во зависност од која позиција се наоѓаат.
Најдобрите пет, Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Теим, Роџер Федерер и Данил Медведев, секој од нив би дал по 30 000, додека играчи рангирани на 6-то до 10-то место би биле Стефанос Циципас, Александар Зверев, Матео Беретини, Гаел Монфилс и Дејвид Гофин дадоа по 20 000 американски долари.
Играчите на 20-та позиција би уплатиле по 15 000 долари, додека тие до 50-та позиција би уплатиле 10.000, а преостанатите 50 тенисери кои би ги затвориле првите 100 места би одвоиле по 5000 американски долари, исто колку и најдобрите 20 играчи во двојки.
Вкупната собрана сума би изнесувала 1.050.000 долари, а Ѓоковиќ се надева дека, заедно со донациите од АТ и најголемите турнири, ќе се искачи на 4 на 4,5 милиони долари.
Така, секој играч под 100-то место на АТП-листата би добил 10.000 американски долари помош.