Малку се оние кои ќе речат дека на моделот Mercedes GLS му недостасува луксуз, особено кога е тапациран со врвна кожа и има E-Active Body Control воздушна суспензија, но постои и подобрено решение што го нуди тјунинг компанијата Хофел.
GLS на фотографиите е резултат на работата на експертите во компанија Хофел кои својот проект го нарекоа Ultimate HGLS од Хофел.
Препознатливо е по неговото двобојно тело и 22-инчните бандажи на Хофел Митос. За разлика од Mercedes-Maybach GLS 600, Hofele HGLS ги задржа рамки на прозорците, додатоците на браникот и стандардната решетка на ладилникот од стандардниот теренец, што го прави „почист и поедноставен“ дизајн.
За да се натпреварува со GLS 600 и другите скапи SUV, Hofele GLS има ентериер тапациран во висококвалитетна кожа Nappa, која е зашиена и перфорирана во атрактивна форма на дијамант, со компјутерска прецизност. “Небото” е тапацирано во Алкантара кожа, како и потпирачите за глава на задните седишта. Подните тапацири се изработени од волна од јагне.
За разлика од Mercedes-Maybach GLS 600, Hofele GLS е достапен со кој било понуден мотор за овој SUV, што значи дека е достапна секоја опција, од основата GLS 350d до најмоќниот Mercedes-AMG GLS 63 модел.
На сликата е GLS 400d кој е придвижуван од 2,9-литарски 6-цилиндричен турбодизел кој развива 326 КС и 700 Nm вртежен момент.
Цената за Ultimate HGLS од Хофеле сè уште не е позната.