ХОНДА побара од работниците да вратат дел од додатокот на плата што го добиле на нивната сметка.
Американските медиуми пишуваат за необичен случај од фабриката на Хонда во државата Охајо. Тамошните работници по првичното пријатно изненадување и добивањето на бонусот од плата, малку се изненадија кога добија известување дека дел од парите треба да му вратат на работодавецот. Имено, констатирано е дека им биле исплатени преголеми суми на бонуси.
Текстот продолжува под огласот
Раководството на фабриката на работниците им постави ултиматум: или доброволно ќе ги вратат парите, или сумата ќе им биде одбиена од следната плата. Работниците се во шок, пренесува NBC4, а многумина веќе ги потрошиле тие пари.
“Не многу луѓе можат да се справат со ваков удар. Го прашав сопругот дали ова е најголемиот бонус што го добил, дали му е чудно. А тој рече дека тоа не е најголемиот бонус што го добил”, рекла сопругата на еден од вработените во Хонда кој мора да врати стотици долари. „Тоа е сумата за автомобилот, тоа е половина од нашата хипотека, така што тоа се две или три недели намирници. Тоа се многу пари за нас“, изјави таа за NBC4.
Целиот случај го коментираа правни експерти. Тие се согласуваат дека можеби не е фер да се бара враќање на преплатените бонуси, но тие тврдат дека Хонда има право да го стори тоа. Прашање е само дали и вреди да ги бара тие пари на суд, како и да крева врева за нешто што нема да биде добро прифатено во јавноста.