Компанијата Харли-Дејвидсон, позната по производство на мотоцикли, претстави електричен велосипед наречен Serial 1.
Кога станува збор за проектот за електричен велосипед Харли-Дејвидсон, помина долго време од последната информација, но чекањето се исплатеше. Компанијата претстави нов електричен велосипед кој е производ на нејзиниот оддел за е-велосипеди, а продажбата ќе започне во март 2021 година. Овој велосипед се нарекува Serial 1 Cycle.

Харли-Дејвидсон игра и картичка на носталгија, бидејќи името Serial 1 има врска со прекарот Serial Number One кој се користеше за најстариот мотор на споменатата компанија, направен во 1903 година. Дизајнот на велосипедот, заедно со белите гуми, кожното седиште и рачките, како и елегантната црна рамка, неодоливо потсетува на првиот прототип.
Засега нема детали за спецификациите, па може да се шпекулира само за големината на батеријата, опсегот на велосипедот и цената. Фотографиите покажуваат дека батеријата и светлата се интегрирани во рамката, како и дека електричниот мотор се наоѓа на средина.