Поради комплетирање на документацијата во процесот на лиценцирање на клубовите за сезоната 2018/2019, (ФФМ) реши да го одложи стартот на Првата македонска фудбалска лига за една недела.
Извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/2019 од Првата МФЛ ќе се одржи на 1 август 2018 (среда) во 12 часот во Куќата на фудбалот. Почетокот на натпреварувачката сезона 2018/2019 се презакажува за 12 август 2018 (недела) поради комплетирање на документацијата во процесот за лиценцирање на клубовите за претстојната сезона. Сите клубови се поканети со свој претставник да го следат извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/2019 во Првата МФЛ. – објаснија од ФФМ во интернет соопштението.
Првата МФЛ и во оваа сезона ќе се натпреваруваат 10 екипи: Шкендија, Вардар, Работнички, Шкупи, Ренова, Победа, Силекс, Академија Пандев, Македонија ЃП и Беласица.