Фудбалерите на Атлетико повторно не ја започнаа сезоната на идеален начин, откако синоќа на својот стадион Метрополитано загубија од Виљареал со 0:2, а по натпреварот дојде до скандал.
Атлетико го заврши натпреварот со играч помалку, а нервозни беа навивачите кои останаа на стадионот по натпреварот.
Следеа жестоки критики кон фудбалерите на мадридскиот клуб, а не можеше да се воздржи ниту шпанскиот стопер Марио Ермосо.
Тој дури почна и физички да се справува со навивачите прескокнувајќи ја оградата која го дели теренот и трибините.
Беше подготвен да ги удри провокаторите, но членовите на стручниот штаб и редарите некако успеаја да го смират.
Тие го привеле и го вратиле на теренот, додека на стадионот набрзо се појавила полиција и ги спровела незадоволните навивачи од трибините.
Инаку, навивачите на Атлетико беа најмногу бесни на Антоан Гризман, кој одигра нешто повеќе од половина час во Мадрид.