Понудата на Фолксваген за кинескиот пазар е богата и во некои случаи е ексклузивна затоа што многу модели не се достапни надвор од оваа земја, сепак некој од тие модели наскоро би можел да пристигне во Европа.
Станува збор за теренец наречен Тајрон кој се базира на платформата MQB. Објавено е во март 2018 година со концептот SUV Advance Mid-Size и стана модел ексклузивен за Кина.

Сепак, според интерните документи на Фолксваген, добиени од магазинот Automotive News Europe, големиот џип со седум седишта ќе стигне и до европскиот пазар. Ќе се произведува во фабриката во Волфсбург, Германија, и токму овој модел може да го замени Tiguan Allspace.

Европскиот Тајрон не би било големо изненадување затоа што за него се зборува уште од појавата на концептот. Производството наводно ќе започне во 2024 година, па најверојатно ќе биде модел базиран на следната генерација на Тајрон.
Фолксваген ја донесе оваа одлука да има SUV во Европа позициониран помеѓу Tiguan и Touareg, наместо да увезува продолжен Tiguan од Мексико.
Секако, VW ќе го прилагоди Tayron на европските вкусови. Слично е и со кинескиот модел Тару, што е нешто поразлично од американскиот Таос.