Фолксваген се подготвува за рушење на рекордот на Nurburgring Nordschleife со Електричниот ID. R

По минатогодишното најдобро време на познатата ридско-брзинска патека Пајкс Пик, во Фолксваген интензивно се подготвуваат за новиот предизвик во кој главна улога ќе има електричниот прототип ID. R, чие прилагодено издание ќе се впушти во авантурата наречена рекордно време на круг на патеката во Nurburgring Nordschleife.

По тестирањата направени на симулатор и на патека, со електричниот брзинец на Фолксваген ќе управува четирикратниот победник на патеката Ле Ман, Ромејн Дума, а негова цел е да го сруши актуелното време на поминат круг од 6:45.90, кое е постигнато во 2017 година од кинескиот електричен автомобил NIO EP9 со кој управуваше Питер Дамбрек.

Со аеродинамиката на каросеријата која е оптимално прилагодена за патеката на Nurburgring Nordschleife, од Volkswagen Motorsport изјавуваат дека ID. R ќе има просечна брзина поголема од 180 километри на час, а на најбрзите делови од патеката брзината ќе достигне и до 270 километри на час.

Претходна Среќен Велигден на сите православни христијани
Следна Ибрахимовиќ го продолжи натпреварот и во соблекувалните

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!