Фолксваген објави рендер на Arteon Shooting Brake кој ќе биде претставен на 24 јуни

Arteon Shooting Brake пристигнува во исто време со подобрената верзија на моделот врз кој се базира, а тоа е Arteon Fastback за кој исто така објави рендер.

„Создадовме нова рамнотежа помеѓу брзината, моќта и просторот“, рече првиот човек задолжен за дизајнот на Фолксваген, Клаус Бишоф.

Пристигнувањето на верзијата Shooting Brake во понудата на Артеон е смел потег на Фолксваген, бидејќи многу производители се сомневаат дури и во седаните со оглед на популарноста на теренците.

Пример е Lexus IS кој воопшто нема да се појави во Европа.

Освен Arteon Shooting Brake и и брза тапромена на дизајнот на Arteon fastback, Фолксваген носи значителни подобрувања и во новите технологии и интелигентните системи за удобност и помош на возачот.

Ентериерот ќе биде нов, а вклучува и најновиот инфозабавен систем.

Во Фолксваген тврдат дека сите мотори се економични, имаат ниска емисии и се моќни.

Arteon, најверојатно, ќе биде достапен со 2,0-литарски турбо бензински и дизел опции во случајот со седанот, но и со дополнителен 48V благ хибриден систем. Посилна верзија од одделот R на Volkswagen се очекува нешто подоцна, и ќе се напојува со подобрена верзија на познатиот EA888 2.0-литарски четирицилиндричен турбо бензински мотор кој развива 329 КС.

Новиот Артеон ќе има „попаметни“ помошни системи. Travel Assist е адаптиран за долги патувања и ќе може да „преземе контрола, забрзување и сопирање при брзина до 210 км на час, но со контрола на возачот“.

Награден напис

Рачно изработени автомобили од дрво

Сите сè уште се сеќаваме на воннаставни активности во форма на модели на авиони и …

Лотус прославува 20 години на моделот Exige со нова, специјална едиција

По повод 20-тиот роденден на спортскиот автомобил Exige, Lotus подготви специјална верзија инспирирана од првиот …

Don`t copy text!