Фокусирајте се на детето на кое навистина можете да му помогнете и покажете ја хуманоста – Интервју со детскиот асистент Славе Павловски

Во последно време со оглед на целата ситуација со Корона вирусот, имаме чувство дека сите вести се исполнети со објави што се однесуваат само на тоа колку е предизвик онлајн наставата и го занемаруваме фактот дека тоа е исто така  ново и за учениците и за наставниците, но и за персоналните образовни детски асистенти. Како и да е, тука сме да се бориме, да работиме и да ги учимеи воспитуваме нашите ученици.
На самиот почеток на  оваа онлајн учебна година, познатиот детскиот асистент Славе Павловски,  ја споделува својата приказна и ни кажува како тој не дозволува да биде презаситен од големината на работата пред него.

1. Кажете ни за тоа каде и што работите и колку години сте во оваа работа?
Официјално со мојата работа започнав во 2012 година, кога почнав со организација на едукативни детски работилници и забавни детски едукативни игри за социјалиација и подобрување на моториката. Иако претходно уште од 2002 година работев  хонорарно со деца. Сега веќе четири години сум во едно скопско основно училиште каде сум асистент на две деца кои учат во исто одделение.

2. Што ви поминува низ умот навечер кога многу детски асистенти се чувствуваат вознемирено или имаат чувство на страв да се соочат со следното утро? Која е вашата тајна да бидете возбудени кога одите на работа секој ден?
Јас ги сакам моите ученици и го сакам она што ги учам, ги подучувам и ги воспитувам. Половина од денот поминувам поттикнувајки ги да размислуваат се повеќе и повеќе, разговарајки со нив и збогатувајки им го нивниот речник. Другата половина од денот поминувам образувајки ги да разберат што е добро, а што не е за нив и да растат со правилни животни вештини борејки се за своето место во светот, како и сите ние. Моите ученици ме насмевнуваат, ме расплакуваат, ме лутат, ме прават горд, но и ме учат на нови работи.Тие се мојот свет! Нивните достигнувања се и мои, а нивните разочарувања ме разочаруваат и мене. Толку сум вложен во тоа да ги направам успешни луѓе што обожавам да ја имам таа можност секој ден. Можеби нема да ги научам за сите факти за Втората светска војна и колку вкупно добиток имало во нашата земја, но тие ќе бидат добри граѓани кои ќе се грижат еден за друг. И тоа е мојата мисија што ме тера да одам секој денсо позитивна мисла на работа. Сакам моите ученици да знаат дека ги сакам и за нив ќе бидам нивниот најголем поддржувач и нивниот најстрог критичар.

 3. Има толку многу ситници што го отежнуваат Вашето работење отколку што треба да биде, и е лесно за детските асистенти да се заглават и обесхрабрат. Кога ќе се случи нешто разочарувачко, стресно или вознемирувачко за време на работниот ден, како го спречувате тоа да влијае на вашата мотивација и став?
За среќа, отсекогаш имав размислување дека „и оваа работа ќе помине“. Јас сум тука да одам напред и да барам решение за сите проблеми.  Животот е премногу краток за да се напрегам на малите нешта и утре е нова можност да се направи разлика и голем чекор во детскиот живот. Секогаш ќе има лоши денови, но добрите мора да бидат побројни од лошите!

4. Многу асистенти би рекле дека денешните деца доаѓаат со повеќе проблеми од кога било досега, и секоја година е потешко да се работи со нив. Дали би се согласил со тоа?  Што правите за да спречите, нивните проблеми да не се рефлектираат врз Вашиот приватен живот?
Ова е најтешкото за мене. Во денешно време некои деца имаат надминато повеќе во својот краток живот, отколку што некогаш сум замислувал дека се соочувам. Некои од нив имаат борби за кои знам дека ќе ме скршат. Јас сакам да направам граница за да се осигурам дека знаат дека ми е драго што се тука со мене секојдневно, што ги сакам и што животот заеднички ќе ни се подобрува. Се обидувам да не го носам тоа дома, но секогаш децата се во моето срце. Ги поддржувам и нека знаат дека сум тука за нив, тие се како дел од моето семејство за мене и затоа се дел од многу мои семејни настани.

5. Која е вашата стратегија за справување со бирократски прашања, како прекумерна документација и нефер оценувања во училиштата? Како ги држите барањата од училишниот систем да не тежат врз вас?

Јас не сакам класично оценување. Мислам дека за оценување треба да се гледаат многу аспекти во текот на училишниот ден, поготово за децата на кои јас сум им бил или сум им асистент.  Но, тоа е животот. Знаев за оценувањето уште пред да влезам во оваа област. Така се мериме. И, како асистент, веројатно се занимавам со повеќе документи и имам помалку време за да ги завршам. Но, кога мојот ученик ќе научи нешто ново и корисно за него и неговиот живот  и конечно ќе го добие тој концепт што сте го научиле, на крај, сите бирократски прашања не изгледаат толку важни.

6. Како ги балансирате барањата за работа со барањата на вашето семејство и вашиот личен живот?
Речиси цело време во мојата кариера, не работам во сабота и недела, а и кога работам во сабота тоа е или кратко или има заеднички активности со моето семејство. Па така, во попладневните часови и за време на викенд, јас сум со оние што ги сакам, иако многу пати знам и во ова време да се спремам за наредниот работен ден и за новите активности.

7. Што ви помага да го одржувате вашиот ентузијазам и позитивна енергија со текот на годините и ве спречува да бидете заглавени во рутината на работата?
Сакам да се предизвикувам себеси! За сите овие години, моите задачи се променија и цело време одат во погорно ниво. Почнав со чување и воспитување на деца. По мала пауза успеав долг период да реализарам  едукативни работилници со деца од 4 до 9 годишна возраст и соработка со едно Британско училиште за истите. Во исто време организирав и реализирав  забавни моторички игри за социјализација и воспитување на деца. Одлучив дека сакам да ги учам децата на кои им требам најмногу, и станав детски асистентво инклузија во основно училиште. Во тоа време имав дете кое бргу напредуваше. Во меѓувреме почнав и со организација и реализација на  моторички игри за социјализација, меѓусебно поврзување  и јакнење на вработени на тим билдинг настани на еминентни фирми кај нас и на Балканот. Последнава година по барање на еден австралиски  родителски центар одржав четири вебинари за родители. Сега продолжувам со работа со деца како образовен асистент на децата на кои најмногу им требам, за кои чувствувам дека учат секојдневно и видливо напредуваат.Тајната е  да го пронајдете вистинското  дете на кое можете да му помогнете и започнете од таму. Со фокусирање на тоа да биде неверојатно за Вас, детето ќе стане неверојатно за сите.

8. Каков совет би му дале на асистент кој се чувствува изгорен, но сака повторно да ја сака својата работа?
Запомнете зошто станавте асистент на прво место. Навистина станува збор за деца. Изберете дете на кое му треба малку повеќе внимание и гледајте како се развива под ваше водство. Вратете се на основните работи. Концентрирајте се да бидете тој неверојатен учител што ве инспирирал во оваа професија. Никој од нас не стана асистент поради парите. Јас сакам да го спасам светот. Сакам да им дадам на децата знаење и воспитување. Сакам моите деца да се вљубат во здравите животни навики и да практикуваат добриживотни вештини, а со тоа да станат подобри луѓе од сите нас.


9. Што би им препорачале на другите асистенти да се обидат денес со цел да го зголемат чувството за мотивација, цел и ентузијазам?
Една практика што секој асистент може да ја направи денес за да ги промени своите мисли и став е да се оддалечи од негативните. Негативноста може да нè троши и сака друштво. Светот на воспитанието и образованието постојано се менува и ние го носиме товарот на промената што не можеме да ја контролираме, но можеме да контролираме како гледаме на тоа. Како што реков претходно, сите имаме причина да работиме со деца. Треба да го правиме тоа секој ден да биде предводник на нашите мисли.Довербата, високите очекувања и целите на учењето се постигнуваат како резултат на позитивни односи и правење на она што е правилно од децата. За мене  е целосна радост кога го гледам процесот на воспитување, подигнување и учење на дело. Кога негативностите сакаат да се провлечат, јас се потопувам во моите ученици. Гледам, слушам и седам меѓу нив. Нивната енергија може да ви предизвика зависност кога се внесени во нешто што ги заинтригира. Ме охрабрува да развивам лекции кои ја продолжуваат енергијата. Знам дека секој ден не може да биде најдобар, но можам многу да се потрудам да го направам прилично близу до најдоброто, кога ќе најдам позитивно во најмалите моменти.

Награден напис

Samsung претстави уште поевтин смартфон со 5G

Samsung го претстави смартфонот Galaxy A42 5G, најновиот уред во својата палета на прифатлива серија …

Хонда го прошири опсегот на опционална опрема за редизајнираниот Civic Type R

Понатамошно рафинирање на еден од најбрзите спортски автомобили со погон на предните тркала вклучува и …

Забрането е копирање на текст!