Фејсбук им го олесни на корисниците бришењето на стари постови

Социјалната мрежа Фејсбук воведува нова функција наречена Управување со активност, што им овозможува на корисниците да ги избришат старите постови.

Управување со активност може да се искористи за да се избришат поединечни натписи или повеќе објавувања одеднаш, а Фејсбук вели дека исто така ќе понуди опции за филтрирање за да може полесно да се пронајдат постови што содржат специфични лица или мислења од одреден временски период. Опцијата првично ќе биде достапна на апликацијата.

Од Фејсбук рекоа дека целта е „да им се олесни на корисниците да го прилагодат своето присуство на Фејсбук“.

На пример, некои корисници сакаат да ги избришат старите содржини кога ќе се смени нешто во нивниот живот. Или едноставно не сакаат стари натписи да ги потсетуваат на претходните љубовни врски.

Постојат различни опции за отстранување на содржината од ѕидот, содржината може да се испрати до “ѓубре”, односно веднаш да се отстрани од јавноста, но трајно да се избрише по 30 дена. Постовите можат порано да се избришат. Во вториот случај, објавите можат да се архивираат, што значи дека тие повеќе нема да бидат достапни за јавноста, туку само за корисникот на профилот.

Опцијата Управување со активност е последен обид на Фејсбук да им овозможи на корисниците поголема контрола врз нивните податоци. Минатата година, таа понуди алатка Clear History која им овозможува на корисниците да ги одделат податоците за сурфање на Интернет од профилот на Фејсбук. Сепак, Clear History не ги брише податоците, само ја отстранува врската помеѓу него и профилот, објави The Verge.

Претходна Hublot произведе паметен часовник кој чини 5800 долари
Следна Фолксваген објави рендер на Arteon Shooting Brake кој ќе биде претставен на 24 јуни

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!